Приватен обвинител, приватен тужител и граѓански тужител
ПРИВАТЕН ОБВИНИТЕЛ ПОКРАЈ ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
Оштетен што претрпел имотна или неимотна штета од јавно гонето дело има право да учествува во судската постапка како приватен обвинител покрај јавното обвинителство.
Право на правна помош во секој стадиум од судската постапка.
ПРИВАТЕН ТУЖИТЕЛ
Оштетениот од дело што се гони по негова приватна тужба може да го поведе и одржува гонењето пред суд како приватен тужител.
Право на правна помош во секој стадиум од судската постапка.
ГРАЃАНСКИ ТУЖИТЕЛ
Оштетениот или неговите наследници, како и правни лица што претрпеле штета од делото, може да поднесат граѓанска тужба за надомест во кривичната судска постапка и да се приклучат како граѓански тужители.
Право на правна помош во секој стадиум од судската постапка.